Дојдов овде за да го стегнам животот во една повест, а гледам дека тој е нешто што се живее или не се живее.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Јас сум жена, оставена жена... и чувам едно дете без мајка, тоа дете го зедов на 4 годишна возраст и го одгледувам како можам и умеам... но, еве, животот не прегази финансиски, па јас дојдов овде кај вас да прашам дали вие некако ќе ми помогнете, барем да го истуркам девојчето да заврши средно школо... ме разбирате... - веќе со видно вознемирен глас и солзи на очите, почна да ги испрекинува зборовите.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Мојот сонародник Драган многу ми раскажуваше за Уј и за тоа како тој дошол овде.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Секој од нив дошол овде со желба нешто да заработи и пак да се врати во родниот крај.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Бргу минат часовите на „Пигал“. Се забележува множество од физиономии на луѓе што дошле овде со најразлични желби и апетити.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во Келн немаше место по хотелите, зашто сите беа преполни со деловни луѓе од цел свет, кои беа дошле овде на Модната ревија на мебели.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Босанката Анѓа, која во Париз дошла од Белград, каде што работела кај една учителка како домашна помошничка и таму се омажила, дошла овде пред шест години со своето осумгодишно дете, со надеж дека ќе си создаде подобар живот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Таа вечер салата беше преполна со луѓе кои по ништо не одаваа дека дошле овде да уживаат, на своевиден начин, во она што пред нив ќе се прикаже на театарската сцена.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Господинот по работа е дојден овде, по трговија?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Јас сум дојден овде да учам, не да се женам.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тој ги виде нивните сенки и веднаш се сети дека тие ќе бидат полските качаци, за кои порано зборуваа и за кои и дојдоа овдека — И гледаш, Андоне, и гледаш, стрико, Куле?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Имав храброст да дојдам овде служејќи ѝ на правдата во повеќе режими и времиња.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Не забележува ништо - не ја гледа неа таква каква беше и остана од првиот момент кога дојдоа овде: задржана, замислена, вкочанета...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Заедно дојдоа овде. Заедно се мачеа и мечтаеја... Сѐ заедно...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кога дојдов овде пред дваесет и седум години, сè беше наоколу камен и голотија. А сега слушате ли како шуми?
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кога прв пат дојдов овде (во Америка) лесно се справував со тешкотиите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Он дојде овде прво. Одма праша каде Рози одела?
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Дојди овде“, рече Рој. „Треба да ти го допрам челото на вратата од визбата. Тоа е обичај од Стариот крај.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Ако јас не смеам да дојдам поблизу, тогаш те молам ти дојди овде, сакам нешто да ти дадам.”
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Кога ја не осеќа добро кога ја дојде овде.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
За своето заминување од Македонија во Америка и годините на економско-емигрантскиот аџилак во Америка, авторот речиси ги документирал во горе споменатиот напис: Па така јас дојдов овде (во Америка).
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Зошто дојде овде? Тој не тргна со намера да дојде овде.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И за да ме ослободи од сомненијата најде за потребно да додаде: „Не, чичко Боге, ни не помислувајте дека веднаш ќе се затрчам да го барам татко ми.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А потоа, наеднаш, без да инсистирам на некакво вмимание или пак ветување што треба лично да го изрече, тој уште еднаш потврди дека не случајно спомнал оти знае што ме мачи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Она: "Јас сум дојден овде со едиствена намера да учам".
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Многу работи ќе треба да се разјаснат пред да го сторам тоа!“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
-Дојди овде! Да ти ја покажам оваа интересна глетка! Погледни!
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Отла рече: “Биди среќна што дојде овде во лето, па полека полека ќе се навикнуваш на ваквите капења.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога првпат овде вака се капев, надвор сѐ беше замрзнато.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Отпи малку, му се стресе раката или устата, и останатото од чашата се излеа на земјата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Кога ќе дојде овде Густав, ќе си одам. И ти ќе си одиш,“ рече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Оттогаш сѐ помалку зборуваше. Молчеше онака како што молчат луѓето кои чекаат нешто, со некаква напрегнатост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нецел месец подоцна, откако е сместен во лудницата во Сен Реми, Винсент му пишува на Тео: “Сакам да ти кажам дека направив добро што дојдов овде, пред сѐ кога ја гледам реалноста на животот на лудаците и на разни чукнати типови во оваа установа, го губам оној нејасен страв, стравот од лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа, малку по малку, доаѓам во состојба да го гледам лудилото како болест слична на секоја друга болест.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Не,“ реков. „Откако дојдов овде, како да нема ништо надвор од овие ѕидови.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ливајн му се приближи. „Кога дојде овде?“ праша тој.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Но, кога пред една недела дојде овде, мислеше дека дошол токму поради тоа свое грозење од насилство.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Му се слоши кога на телевизија гледаше како хеликоптерите ги надлетуваат селата во кои тој никогаш дотогаш не бил.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Сосема недолжно мислеше дека сите дваесетина момци кои во истиот ден дојдоа овде со него ги води истата желба.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
А сега, веќе не беше сигурен.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Не го интересираа сељациве – тој дојде овде да се прероди, повторно да се измисли себеси и на крајот, да пее некои други песни, а не „Каде сте, Македончиња“.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Василке, зетот и невестата сакам да дојдат овде и да ми речат по една песна.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Или пак ако можеш да го најдеш, да дојде овде, јас да разговарам со него, ќе биде уште поарно.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Тоа сигурно ќе фати место, ќе ги исплаши и сами ќе си дојдат овде како рибине во колцине од даљанон.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Во колку се случи да надвладее тој остер ветер, не ќе може ни да се помисли барем малку да се поработи со бичкијата, а тоа беше она најважното, за кое што тој и беше дојден овде.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Арсо е гладен. Тоа е гола вистина. Зошто дојде овде?
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И се топеше во глувост на длабока мирна вода... И е здодевно. Зошто е дојден овде?
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Јас што дојдов овде штрк, не оти сакав да бидам штрк, ами клетвата од татка и од мајка ме вати што не и слушав како врапчињата: Сиве и Чуле.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Море колку за нив знајме оти се сторија од брат и сестра две пилиња - му рекле сите - туку тој век друг бил, коа шетал Господ поземи и светците, да слушале луѓето што збооруале, а пак сегашнио век поеќе ѓаолот шетат по земјава, да од тоа тебе не те веруаме да си бил штрк.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ми дофрли: – Како која обетка? Онаа која е предуслов за да станеш јунак во приказната „Чај за двајца“ и да дојдеш овде.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Пред една година, додека одев на работа, ја оставав сама во мојот стан.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не сум дојден овде да купам галерија на души за помал или поголем напис.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Блесаво е што дојдов овде да бидам сама, за да напишам две-три скудни реченици.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
А кога само ќе си помислам, што сè правев, за побрзо да дојдам овде.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Замисли вонземјанин, рече еднаш Фокс, кој дошол овде да ја открие доминантната форма на интелегенција на нашата планета.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Можеби ме грабнала од некое босанско село, од двор, од улица на некој град и дошла овдека да си го ебава животот во шупата во која поминавме шеснаесет години.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
- Тогаш, што не му предложиш да дојде овде да живее - рече најмалата сестра...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Разбирате, каква работа: брат ми ми нарача да дојдам овде, штом ќе допатувам.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ајде ти, невесто Менко, спремај се да ѝ кажиш на Доста нека си земе плачкуринките та нека дојде овде.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Немаше многу време да се размислува, па веднаш му реков на командантот: „Јас изумив да ви речам, пред вас се најави друга група ваши војници, офицери, рекоа дека ќе дојдат овде да се сместат!“
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Малите јагулчиња во огромни јата долги и по стотина километри, гонети од инстинктот, тргуваат по патот на нивните родители, врвејќи го по две години за да дојдат овде во езерово...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Јас дојдов овде да живеам, рекол, а не да страдам...“
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Како дојдов овде?“ Врелината на раната беше неподнослива.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Ќе бидеш ли љубезна да му објасниш како дошол овде?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Затоа и дојдов овде пред вас како пред браќа по судбина да ви се исповедам, да ви ги кажам моите последни маки пред крајот на мојот живот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Јас што дојдов овде, штрк, не оти сакав да бидам штрк, ами клетвата од татка и од мајка ме фати, што не ги слушав како врапчињата Сиве и Чуле.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Овој град требаше да биде машина за мерење, лакмус, антена што ќе ги провери сите идни вселенски патници што ќе дојдат овде.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
А утре, токму првиот ден од Новата година, децата ќе дојдат овде и со убави песнички ќе го поздрават овој радосен празник.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Го остави секирчето на трупецот и еве ти го во собата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Еднаш му велам: „Семјон, дојди овде. Имам идеја!“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во овие среќни денови, Џеки заборави на сите неволи што ги имаше, а и заборави на сите маки што ги претрпе за да дојде овде во логорот.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
И готвачот во почетокот со стап седеше в рака: штом ќе го забележеше Џеки дека се врти крај кујната, уште од далеку му го фрлаше, па кога ќе го запнеше, Џеки долго квичеше колнејќи си го денот кога дошол овде.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Вистина ли е тоа или е само злоба од Царјанка? Ако е вистина, тогаш како тој дошол овде и од кај дошол?
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
ХЕРЦОГ: Господине Клаус колку што ми е мене познато вие дојдовте овде во протоколарна службена посета.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
РАЈНА: Ако дојдов овде за да бидам сита, досега ќе си отидев.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Но, јас сум дојден овде, пред сѐ, да поздравам писател со голема вредност кој примерно ја претставува ерудитската и книжевна мисла на својата земја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Има многу наши од преку граница, од вашата ревизионистичка Југославија, наши бре, од иста етничка припадност и вера, пардон националност, кога ќе дојдат овде во татковината – мед и млеко откриваат, рајот го гледаат, некои и до Водачот стигнуваат, а кога се враќаат, друга песна пејат. Мизантропи.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во главата му шумеа зборовите на командантот, а во душата го болеше: сета надеж, сета онаа одушевеност, со која што утринава дојде овде, пропадна и како да се потопи во матните води на блатото.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Треба да се исплаши дедо Стефан, но се исплаши Турчинот дојден овде сам и го видел тоа што не треба да го види.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Рече? - Кој враг ве изгора да дојдете овде.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Тој таму се нашол со овој Сврделот, тој Едо од Битола што ти го кажувам и таму како да се договориле Сврделот после да побегне партизан и да дојде овде да се најдат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Не знам како сум дошла овде, кај сум била досега, кон кај да се свртам сега.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Одкако дојдов овде, многу работи ми се помешаа.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
- Кога тие, Индијците, би дошле овде – продолжи мајка ми – веројатно исто така би доживеале цивилизациски шок и тешко би им било при повторното враќање, како сега мене.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)