дојде (гл.) - ноќе (прил.)

Да ти пресечат нос, јазик, уши, па глава, или да ти дојдат ноќе па да ти го оберат дуќанот, да ти ја запалат куќата.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А ти баш да покажеш како се газат адетите. Де, кажи ми сега!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Со првите пролетни дни, по сите зимски мори и плашења, едноокиот дошол ноќе од непознат крај, убил туѓа кобила и со големите нокти ѝ ја искинал утробата; ѕверскиот корен можел да му се напои само со густа врелина на крв...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И нигде на планината не можеле да најдат трага од неговите големи стапалки, и ако нашле не ќе се излажале - ногата на тој изрод не можела да застане ни во детска колепка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми дојдоа ноќе и ми ја најдоа исцибрени од пакост.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ми дојдоа ноќе и ми ја пребараа собата. Знаеја за сликата и ја најдоа исцибрени од пакост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По некое време, пратен од грчкиот владика Стаматијадис тој со четата дошол ноќе и влегол во куќата на Герман Љушков што беше на горниот крај од селото.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)