дојде (гл.) - навреме (прил.)

Угостителите велат: тој што сака да руча нека си дојде навреме.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ЕВТО: (На Михајло) Сигурен си која јавка договоривте? (Пауза) А? (Пауза) Свирка со уста. еден удар и уште една свирка. (Пауза) А? (Пауза) Ќе дојдат навреме? (Пауза) А ако ги види некој? (Пауза)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Партизaните биле скриени во непосредна близина, но не можеле да дојдат навреме да го спасат мостот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
— Таман дојде навреме, јунак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Син му Трајко и снаа му Велика ги видоа добиците на портата и излегоа да ги пречекаат пазарџиите радувајќи се што си дојдоа навреме и што свршиле работа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Куцовангелис, израдуван што брановци ќе ги најде в црква наместени под неговиот крвнички нож, се погрижил до Браново да дојде навреме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)