дојде (гл.) - како (прил.)

Или, оди кај четниците, барај нешто за јадење ако си гладен! — му рече тој на момчето повеќе да го отстрани од нив, отколку што мислеше за неговиот умор и глад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овие зборови им дојдоа како мевлем на рана на членовите на штабот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ова беше првото излегување на Рада од нејзиното лажно патешествие во Америка. ѝ дојде како олеснување, како издувен вентил од кој требаше да излезе сето негативно што со месеци се натрупуваше во неа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По голготата што ја преживеа во изминатите месеци, оваа средба на Рада ѝ дојде како нафора по пост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Овде, без сомневање, ако треба да се расплеткаат сложените односи во кои беа заплеткани Duchamp и неговото семејство, клучниот настан од биографијата не би била, како што произволно тврдат многумина од неговите биографи, неговата вљубеност во сестрата Suzanne, туку тоа што токму во моментот кога ја започнуваше каријерата, кога и самиот беше на пат да стане сликар, го оневозможија неговите сопствени браќа, кои беа, ако смеам да ја направам таа грда игра со зборови, негови апрови (SES PAIRS); тие свечено дојдоа како гласници, со црни одела и вратоврски и му ставија на знаење дека треба да ја повлече својата слика Акт што се симнува по скали.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ех, какви слатки круши родила. Вие ми дојдовте како порачани.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Една овца ојагни мртво јагне. И за такви појави Бојан знаеше, па иако тоа не беше случка што треба да се радува, му дојде како најпотребна помош во една тешка положба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ми дојде како да не сум излегла никаде, како да не сум се преместила од ова годишно време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Овој дефект ни дојде како нарачан. Имаме толку многу да си разговараме.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Дојде како порачан! - извика Горјан.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)