дојде (гл.) - заедно (прил.)

И самото доаѓање тука беше непромислена работа, а вистинска лудост беше што дојдоа заедно, иако, навистина, по различни патишта, за да се сретнат пред самиот праг на О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Си мислев - ако, татко ми и натаму нека не се враќа, само да дојде заедно со мајка ми. Не, никако сам, не!
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Еднаш дојде заедно со другите додека се копаше бунарот, но во таа збрка, при таа занесеност во работата, не дојде до некој разговор.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Летка понекогаш, летно време, го посетуваше во неговото родно село во Преспа; последниот пат дојде заедно со Стефанос кој освен што има спортски манири знае за возврат да биде фер.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Никако! - одбив. – Јас во тој дел од паркот во живот веќе нема да стапнам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе дојдеш заедно со нас во паркот, да ни покажеш каде тоа се случило.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А оној старец како да беше сиот останат тука.  Змејко сето тоа време се мачеше да не ја изрече докрај таа мисла, но мислата ниеднаш не го остави: Тие веќе ниеднаш нема да можат да дојдат заедно тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во гратчето зборот „молер” беше дојден заедно со мајсторите во маслосани и бојосани алишта, со двоножни скали на рамената, полни канти во рацете и книжни шајкачи на главите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
При втората посета, кога брачната двојка Гологанови дојдоа заедно, конечно се случи нешто.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)