дојде (гл.) - дотука (прил.)

Тие што се обиделе пред нас да поминат, дошле дотука и кога виделе оти не можат да поминат, си се вратиле луѓето назад.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Отшто дошле дотука и отшто веќе се нема каде.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Ама, чекај, човекот веќе не шета по Атина и ни резервира место во една атинска кафеана, нели, другари, дојдовме дотука? - Е, па што ако дојдовме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дури тие така се разговараа под јасиката, селаните што беа дошле дотука со нив нога за нога, кој по нужда, кој отворено се разотидоа, та дури и Ушко од Врпско не му рече ни збогум на „дедот" Петрета, со кого беше одличен и личен пријател.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Војводите со своите четници пак се искачија на високата, со гора обрастена, тумба — „Становица".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)