дојде (гл.) - наш (прид.)

Пламенот се вивна и ја осветли целата куќа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Се мачев да издржам и натаму не иставајќи го погледот од улицата од каде што требаше да дојде нашата мајка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Попладнето дојде нашето момче кое одржуваше врски со нив и ни јави дека лудите решиле другиот ден, во неделата вечерта, да фрлат бомби на станицата врз возот што пристигнувал во Цариград...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Ќе дојде нашиот нов учител, учителот од Штип и уште неколку души, селани од нашето село.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А кога дојдоа нашите, се примири некаде, како под женски скут, и додека сиот град излезе на улици тој не се појави во чаршијата барем да си ја обие својата бутка, сѐ додека не го дочека синот во партизанска униформа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И сѐ е добро дури не дојде нашата школа да му натрапи на детето претстава дека сликањето значи боење на ситни квадратчиња во кои го ловиме светот како во мрежа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Не ме мајтапи сега и ти, - му замери Методија. - Сум ти кажувал како на свој човек: слушај ме, вели па ако дојдат нашите пандури ќе бидеш, од плата ќе живееш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)