Дојде часот за збогување.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Ќе дојдете час порано и толку подоцна ќе останете.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Трските зашушкаа. И невидлив, Водомар пееше: Дојде де и дојде час, Пуфи Паф е меѓу нас, Шумшул- град го чека спас.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Колку дојде часот?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ете, дојде часот да се простиме со животот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Македонските организации Захаријадис заедно со својата дружина порано ги беше отпишал, но овој пат им дојде часот сосема да ги столчи заедно со азбуката и јазикот. Рече дека се титови.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Збогум Кејтене, - прошепотев, - збогум мил пријателе, мислев дека дошол часот на разделбата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Меѓутоа, сега дојде часот да мислам на своето спасување.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Скокнав на коњот. Ремените лабаво се влечеа поземи, коњите речиси и не беа меѓусебно врзани, колата тропотеше зад нив, а како последна по снегот се влечеше бундата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Како да ми беше и мене дојден часот да ѝ се препуштам на жртвата на враќањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)