Токо, ќе ви дојде умот и вам, ама ќе појде кумот!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Така, пак. Стојко, да не клаваш цела недева чаша во кандивото, нека седи темница, да видиме дали ќе му дојде умот на вој наш светиа да а варди сермиата!— му нареди на маѓерот Стојка кој водеше сметка да не остане „сајбијата“ темница.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сполај му на господ, белки му дојде умот да се прибере да си а гледа тајфата".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Со здравје троши го лесно заработеното, поздрави го татко ти поп Стефо и речи му да ти удри едно четиринаесет неброени стапа за да ти дојди умот...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
За да му дојде умот, почесто го затвораа во една од собите во куќата, но тоа го челичеше и му ги изоструваше сетилата: се допираше со ушите до ѕидот за да слуша што зборуваат за него во другата соба: дали со ова затворање само ќе го заплашат како другпат или подолго ќе го заджат без леб и вода; дали некој од неговите домашни се сожалува на него и дали заради него пак почнуваат да се караат меѓу себе како што обично правеа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ц ц ц, значи никако да ви дојде умот“, строго но сепак татковски ги опоменуваше.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
А ќе им дојдеме доака, и нас ќе ни дојде умот!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
ФРОСА: Ќе ни дојде умот откако ќе си оди кумот!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Фала богу, велам, белки ќе му дојде умот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ти, синко, не ме слушаш за ова што те учам сега; арно ама ќе дојде саатот, што моиве зборови се по глава ќе те удрат и тогај ќе поверуваш; арно ама што рекол некој: ќе ти дојде умот, ама ќе ти појде кумот.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Оној веќаваше, оној плачеше, поземајќи ги парите од Башмајсторот, оној дури и му баци рака на Башмајсторот, беше една голема, корава рака, испукана од делкање камен и од варта, сите мислеа дека не можеше да се стори ништо, ни една трошка, поинаку; сите тогаш мислеа дека е сега готово, дека по ова на оној ќе мора да му дојде умот, а Башмајсторот ја тргна својата голема рака, помолче, помолче, а после рече: „Чуј, сине.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
АНДРЕЈА: И сте пораснале и не ви дошол умот в глава. (Влегува Стево.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Стегнал опинците к'сметот и трештил да го бара умо, за да го моли да го поткрепит итој како што го крепел тој.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Е, можи да му дојдит умот, ако има к'смет - је рекол царот на царицата - а пак ако не му дојди, јас знам да му удрам прат по газ и да го истерам.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Толку знам сега, Силјане, толку ти велам.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ти синко, не ме слушаш за ова што те учам сега; арно, ама ќе дојди саатот што мојве зборои сѐ по глаа ќе те удрат и тогај ќе поверуаш; арно, ама што рекол некој: ќе ти дојдит умот, ама ќе ти појдит кумот.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Истовремено, сфатив дека чувството на увереност не се раѓа, или не мора да се раѓа, од статистиката, туку од еден едиствен „уверувачки” момент.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сепак ним може „да им дојде умот” со помош на психотропички (mind - changing) хемикалии. (...) Јас не бев преобратен, но се убедив во постоењето на паранормални случувања.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Душава човечка е како крпа. Сѐ издржува.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Комшијата нѐ префрли до болницата и дури таму разбравме како се...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Е, како...“ воздивна Љупчо. „Ете, станало... засекогаш да ми дојде умот...“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)