Не би час се стемнило и дошло сонцето дома кај мајка си.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Уште неразденето сака да се црпи светлина од бунарите на сеќавањето и да се варди да не се отпаси палецот на левата нога од каменот расцутен од болка утрата обично се зарипнати но влажните јазли на животот итро ползат до последните зраци светлина за ужина лепче и малку путер а заповедана е и по некоја насмевка да и‘ се најде на смртта кога ќе дојде багремите пред порта се заблудени од средниот век: градскиот воздух ослободувал мотика не влегува во леите на избавувањето во кои се впиени само бивши радости во највисоката школа на цинизмот: трудот ослободува и затоа нема дожд, за по дождот да дојде сонце.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Ќе се изукаат и ќе се опулат нагоре дали иде ручекот и до кај дошло сонцето. И јас што ќе правам, нема да се тепам, си го терам редот пред себе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Брго - брго му ставила мајка му вечерата: една каца полна со попара од симиди и млеко и една каца со пиена вода.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Луњи ли ќе пусти дојдат сонце ли ќе јасно грејне - патиштата, патиштата пред тебе се на борбата.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)