Петкана Милевска навистина го засака ќатипчето. Износи „ластикени" чевли, „грчка" шамија; изеде со оки локуми, шеќери, портокали и други „залажачки", та дури дојде работата дотаму, да преспа месеци со него, бидејќи ќатипчето го напушти станот во конакот и се пресели кај чорбаџи Младена Милевски, „да не пречит на мудурот во конакот".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Лели до овде дојде работата, да се бара некое чаре.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сега сѐ поначесто се сретнуваме на плоштатчето пред капелата. Види како дојдоа работите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
— Е, море, да не дојде работата со бесење и со зорт, та така, ај, ме зел, ај не ме зел.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јас знаев дека таа девојка лесно се заљубуваше, ама во тој момент не можев да сфатам дека до таму дошла работата.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ако овде до ова дојде работата, што си да се прашува на горниот кат?!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Ах, да! Па, сепак е поредок...“ , се согласи превосходството. Нема збор, ама ме утешија!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)