дојде (гл.) - полиција (имн.)

Потоа дојде полицијата. Во џебот на прегазениот беше најдено писмо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Веќе не ми обрнуваше внимание и знаев дека тоа не е добар знак. По малку време дојде полиција.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Им понудил да работат кај него како добро платени проститутки; тие одбиле; тој се заканил дека ќе ги убие, и две ноќи ги држел заклучени во неговата куќа; дошла полиција и ги ослободила, но пукнал срамот, нивните имиња и фотографии се нашле во весниците и тие веќе не се вратиле во родниот град; дури, и ден-денес не знаат дали мајка им е уште жива.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)