И еден ден, пред примракот, дојдоа камионите. Врнеше, истураше. Радост нѐ зафати.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кога дојде возот, јас влегов во возот, ама брзо-брзо отидов на отажниот крај на вагонот и излегов од вагонот на другата страна и спрснав онака, се скрив зад едно како барака од штичишта и така го пуштив агентот да замине за Скопје, а јас го полекав да дојде камионот со боровинките и заминав нагоре за Врање кај сестра ми.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Со парче од керамитка на еден камен од ѕидот влечевме црвена црта и со неа ги бележевме деновите што одминуваа и секоја ноќ сонувавме камиони што нѐ чекаа за да нѐ вратат дома, зашто беше речено дека по дваесетина денови ќе се вратиме... не знам зошто и не знам кој ни рече дека тука ќе дојдат камионите и тука секој ден ги чекавме...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Еве, токму тука, - и велам на сопругата - под сенката на оваа црница се собиравме секој ден претпладне ние децата од нашето село... – Тука – велам – се собиравме и чекавме... чекавме да дојдат камиони и да не вратат дома.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)