На исток Тиквешијата — бетер. Повеќе беља од башибозуците отколку од редовната војска.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Чарето тоа е. Да се ваќа орманот: Кравица, Добро Поле, Соколот; ако може мајката планина да не зас'не — им советува Толе и ги изведе еден ден на врвот на Соколот, на границата меѓу Мариово и Меглен, та ако дојде зорт, да можат да се преметнат некако во Пајак.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)