- А ако ти дојдат Србите? - одвали Коте. - Како ќе ми биде среќата, Коте, ама на пријатели сметам.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Кога дојдоа Србите, извади едно пусулче превиткано како аптекарско ќесуле за прашок против болка и стуткано во чкрипливото стапало на дрвената нога, според кое произлегуваше дека односниот се борел во редовите на српската војска, дека бил ранет и дека се инвалидизирал, па се молат српските власти да му излезат пресрет, покрај тоа што ќе му доделат инвалиднина.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Што е ова писание, ба го мајката, вели Дуко Вендија, дојди Срби, - каде се Бугарите, дојди Бугарите - бараат Срби.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Избегаа Бугарите, дојдоа Србите и општината па се отвори.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)