Штом ќе дошле такви, сестра Ангелина се повлекувала во Горната одаја, се сокривала далбоко во себе и со часови чекала тишината повторно да ја покани да се извлече од својата тегобна кожурка.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И јас, без да бидам свестен што зборувам, кажав нешто што и ден-денес не можам да си го објаснам; од каде дојде таква луда идеја кај мене, идеја за која никогаш претходно не сум размислувал, ни близу умот не ми била, а ја изговорив (да не се тоа остатоци од некои мои претходни животи?); реков: „Во паузата би можеле да изведеме една мала, лесна циркуска еквилибристичка точка“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Велат - сега можеш да се турчиш ако дошол таков зорт, ама после пак можеш назад, да си станеш рисјанин, и да се покрстиш„.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Не се осмелив мисловно да се поврзам со нив.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И ќе дојде такво време, Мортенија се ќе земе.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Не се испушта ли сега шансата Хелвиг да си го побара детето?... Ѝ дојде таква идеја...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ќе дојде таков ден и за тебе, ова ти го велам најсериозно.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А беше дошло такво време – никакво: насекаде ечат фанфарите на силниците, нови тендери за извоз на демократија сѐ додека увозниците не сфатат дека сила бога не прашува.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Видох што око човеческо не видело и чух што ухо не чуло, и не е кабил да се искаже, ни на сердце некому от живите на земјата не му дошло таква благост и сладост.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)