А откога дојде таа у Малови си заживеа со Рожденката како со мајка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој сеќава и знае: еве ја дојде таа - осудата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тој се беше сосем заборавил, му дојде таа смеа така слободно и така ненадејно, што не можеше да ја запре.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Занесувајќи се, дојде таа во ложата. Очите ѝ светеа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Им објасни дека тоа ѝ го сторил светецот за да ја казни, зашто на некој од манастирските орачи кога подлегнал да преспие на нивата, му дошла таа и му го изела едниот вол; се исплашил тој и отрчал кај свети Наум и му кажал плачејќи; тој му рекол да се врати на нивата и таму ќе ја најде мечката впрегната во јарем.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И сам се изненади од каде му дојде таа ненадејна смелост да предложи такво нешто.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тој ден, не се сеќавам веќе точно, беше ли понеделник, или вторник, еден од оние пролетни денови, годинава, дојде таа од работа и уште од врата, сета возбудена, ме побара низ собите: - Ведан, Ведан, Веданеее, тука ли си!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Романот не го почнуваш зашто никако да ти дојде таа твоја инспирација, а текстовите што ги пишуваш за ништо не вредат.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Та кога дојде таа поголема група гости, додека жена му отиде во кујната да се погрижи за останатото, тој се нафати гостите да ги послужи со пијалак.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И не дојде таа есен реката.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
ЛУКОВ: Кога треба да дојде таа Ваша сосетка?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Којзнае од каде и дојде таа слика и зошто му ја закачи пред очи!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Колку мачно ли се чека една тешка ноќ една темна ноќ што застрашува Сега се смеам и знам дека сеедно не е како ќе дојде таа штом престрашено чекам да биде црна црна
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)