дојде (гл.) - сум (гл.)

И не проколнувај ме. Дојден сум по благослов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никој не знае што се случувало некогаш. Ни ти, ни јас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дојден сум овде да поздравам еден пријател. Во својата дипломатска мисија во Франција тој стана мој пријател.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За тоа дојден сум со десетина Пријатели —арнаути за да те земам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тетка небаре ја следеше внатрешната линија на моето љубопитство, на времето разделно, па продолжи: - Една вечер пред заминувањето, стариот прилепски кадија му ја отворил до дно душата на татко ми крај чашката ракија и погледот упатен кон сините езерски далнини: „Пријателе мил, дојден сум да се збогувам со тебе, со Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Да извиниш ти, ама јас немам што да извинувам, дојдена сум на гости кај Генералот а не кај тебе “, одвратила Рајна, „кај тебе се готвам другпат да дојдам“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вие мене ме знаете од Медово, ама дојден сум овде откако умре мајка ѝ на жена ми. И така ни таму ништо немав.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Но, ако се покаже точно првото, дојден сум да Ве замолам да ја задржите мојата Рашела.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)