дојде (гл.) - бев (гл.)

И прво што ми дојде беше да не верувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Првиот што дојде беше Сотир Лековски. Беше квечеринка, јас стоев над малата дупка дополу полна гаснета вар што остана по завршувањето на малтерисувањето овде-онде на куќата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се натрчаа сите и добре дошол беше му рекле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Го навечерале со најубаи манџи, како секој гостин најмил.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Не доаѓаше со денови, со седмици дома. А и кога ќе дојдеше беше изморен, ненаспан и нервозен; не знам дали воопшто и ја забележуваше Здењичка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)