дочита (гл.) - писмо (имн.)

Во моментот кога го дочита писмото, не беше сигурна дали е вистина или, заради болеста, халуцинира.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Големиот Мајстор го дочита писмото до крај, потоа, сеуште држејќи го писмото во рака остана уште долго замислен во својата фотелја додека во собата бавно надоаѓаше ноќта.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)