- Тој можеби беше како либертадорот Боливар, кој според една метафора на Пабло Неруда, се појавува на секои сто години кога народот го повикува!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Другите доаѓале со бавни движења до збунетиот Лозан Перуника и го мереле со аршинот на своите сомневања.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Да тешко е народот на Палестина да дочека друг ослободител како Арафат...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во ходникот ги дочека другиот измеќар, поправо измеќарка, младото Кате, шеснаесетгодишно девојче, ќерка на чифчијата — ковачот Стевана, кое Адем го беше прибрал кај себе, ете така, да му ја краси кулата, да ѝ прислужува на каданата и да внесува кафе ракија кога ќе му идеа гости од машки пол.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тогаш Онисифор Мечкојад им се заканил со тупаница на кобниците и рекол, без да го дочекаат другиот Онисифор со оние што отишле со него да го донесат скриеното оружје, да ископаат гроб; ако е чума или улера, мртовецот треба или длабоко да се закопа или да се запали.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)