Ана го дочекува во спалната, во креветот. – Сонував дека се борам за тебе – му шепоти, додека тој силно ја бакнува по бледото лице.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Толе со другарите го одврзаа Тодора, кој веднаш побегна од чардакот и ги дочека во дворот, го однесоа јагнето кај него дома, та повечераа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Знаевме, не еднаш, со газиена ламба денот да го дочекаме во училницата, и без да се враќаме дома, да продолжиме на редовните часови од првиот клас.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Тодор им даде два сомуна леб и тргнаа да си одат околу полноќ.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Бојан скрши по едно парче од тричникот, што тие уште во воздух го дочекаа в заби и пак се вратија во тремот, пред плевната, на суво да го уживаат својот појадок.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Вера ме дочека во прегратка.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)