Доста ја дочека пролетта и еден убав сечков ден ги опра на реката сите мотаници од нејзината предотина, а на другиот ден зеде дваесетина триесет јајца и му отиде на Колобана на анот и за сите купи пет шест чешити бои.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Слична на сина снегулка, на прозорецот падна пеперуга и се сетив: болеста моја беше да се дочека пролетта на туѓ сламарник, лек - да се гледа низ клепки во детски подотворено руменило на усни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На покривот се собираа гугутки, ги слушнав.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
ПРЕСЕДОА АГИТЕ преку зимските месеци, појадоа, попија, се науживаа на кулите по чифлизите со младите измеќарки, а во конаците во Прилеп и Битола со младите кадани и се подготвија да ја дочекаат пролетта, која ги отвори вратите на дејствата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)