дочека (гл.) - ден (имн.)

Попчето може пак да доведе некои браќа на оној Сафет-бег, на брат му.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Брбливата Душка одвај го дочека денот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мислев, да не мислам повеќе знаев, неспремно ќе го дочекам денот посакувам парче среќа во злобата ко изгубен зрак од сонцето во снежен метеж...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Захаријадис, се чинеше, го дочека денот, овој критички ден, за да го каже тоа, што во него одамна беше созреано, што тлеејќи, се собираше и навираше.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се колнев дека ќе издржам, дека ќе го дочекам денот кога ќе доаѓаат во замелушена глутница да бараат покајнички и со муцки на уловени јазовци прошка. Од него. И од мене.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Тогаш да им кажеме на луѓето од селово. Ќе го фатат. - Ако не го фатат, ќе дочекаат ден на нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислеше дека не ќе го дочека денот покрај празното шише под своите нозе, но го дочека млак и отечен, со многу гребаници на кожата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)