Камилски не доцнеше со потврдата на Татковото претчувство, и тој предложи да се задржат на зборот душман, душманлак антонимично поставен кон зборот пријател, пријателство, како претходно третираната синтагма ајде, ајде јаваш, јаваш во филозофски контекст.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Работната атмосфера во фирмата, особено по промената на раководниот кадар, стана доста напната и непријатна – се доцнеше со платите, не се работеше со ентузијазам и вработените беа почесто со лошо расположение.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Татко, убеден дека јазикот на пријателството не го прават зборовите туку значењата, навидум се сложи со предлогот на Камилски, верувајќи дека, сепак, тој до крајот на мисијата ќе го промени своето мислење...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)