дотрча (гл.) - до (предл.)

Вера во првиот момент како да се збуни, а веднаш потоа ја прегрна Ели, која штотуку дотрча до неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Дотрчала до бедемите на мостот, ги извлекла запалените фитили и ги фрлила во реката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
МЕТОДИ: Како што се здоговоривме. Иван и Младичот отрчаа накај пајтонот, а јас се замешав меѓу народот и дотрчав до трупот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Оди со човеков горе!“ ѝ рече човекот со лузната на македонски, без да ја погледне.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа веднаш дотрча до масата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Провокаторите беа станати. Чекаа само знак да дотрчаат до мене.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)