достигне (гл.) - до (предл.)

Второ значење на идиотизмот: безумие кое достига до патологија, незрелост која достига до лудило.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тој чувствуваше дека е студено и дека шинелот го нема, почна да вика, но гласот, чиниш, немаше шанси да достигне до крајот на плоштадот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако ја загубиш најважната работа, довербата во себе, самодовербата, ти не си подготвен да одиш понатаму, да се качуваш и да достигнеш до својот духовен врв – продолжи старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Токму заради тоа сакав онолку колку што можам да те наведам како полесно да го совладаш лавиринтот и достигнеш до проѕирката и полесно да ги пронајдеш твоите два подградни дара.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)