достави (гл.) - примерок (имн.)

Но, откако не успева во тоа, и откако пропаѓаат и обидите да ги убеди останатите вработени да покренат колективна тужба – тој, кон крајот на 2006 година, одлучува индивидуално да поднесе тужба за иницирање на судска, граѓанска (парнична) постапка и да поведе работен спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Управниот инспектор дополнително донесува решение со кое го задолжува директорот да донесе решение во рок од десет дена и да го извести инспекторот, како и да му достави примерок од актот со одлуката, под страв од поведување на прекршочна постапка (чл. 2 од ЗИДЗВРС/окт.11). 63 Според објавените податоци од АВРМ, за временскиот интервал на нашата анализа, бројот на издадени работни дозволи за странски државјани изнесува 1.437 за 2010 година, 1.871 за 2011 година, 2.218 за 2012 година, 2.824 за 2013 година и 3.504 за 2014 година. 70 2.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
По ова, работодавачот – иако претходно е информиран за ваквиот потег кој би следувал –  сепак, беше видно изненаден кога судскиот курир му достави примерок од тужбата, заедно со поканата за подготвително рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Види: Клисаровски, Петровски – цит. статија. 19 на привремено отсутен работник може да се склучи сè до враќањето на привремено отсутниот работник (чл. 4, ЗРО/авг. 08). в) Во врска со вршењето работа дома, воведено во 2003 (чл. 3, ЗИДЗРО/апр.03) – со носењето на ЗРО (2005) дојде до две помали промени: рокот, во кој работодавецот е должен да му достави примерок од договорот за работа на надлежниот инспектор на трудот, е намален од осум на три дена од денот на склучувањето на договорот; а, покрај ова, е прецизирано дека работодавачот е должен, и во овој случај, да обезбеди безбедни услови за заштита при работа дома (чл. 50, ЗРО/05). 6.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)