Глобите предвидени за обврзникот за уплата на придонесите сам за себе, доколку не го достави договорот за дело и/или авторскиот договор или друг договор до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија се движат од 500 до 1000 евра во денарска противвредност, што воопшто не е занемарлива сума ако се има во предвид дека на некои од овие работници им се исплаќаат навистина ниски хонорари.128 127 Закон за изменување и дополнување на Законот за присонеси од задолжително социјално осигурување, Сл. весник на РМ, 113/2014. 128 Со измените од 2015 година се прави дистинкција помеѓу лицата кои се вработени и остваруваат дополнителни приходи по основ на авторски договор или договор за дело и невработените лица кои остваруваат приходи по овој основ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)