Па затоа и Крсте и Ѓуро поминаа на тој ред и одлежаа по десет дена во тесните ќелии, стенкаа под тешкши тумрук и сите други стеги, но по десетте дена веќе беа во една од широките темни одаи, со уште дваесетина како нив, и почнаа да кркаат од тавите печено бравско месо и кисело млеко што им идеше од градот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се знае. Кој доспеал во тој затвор не ќе се пофали со добра постапка; нема да помине без тесни долапи, ситен синџир на гуша, белегзии на раце и тежок тумрук на нозе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Така, тие самите не можат да си помогнат, како што не можат да бараат помош од другите.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сепак, мислење е дека никој кој е при себе не би доспеал во таква ситуација, и дека оние што го загубиле разумот не можат ни да сфатат дека го загубиле.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)