допре (гл.) - свој (прид.)

Од тоа што продукцијата е толку сиромашна можеме да изведеме заклучок за нејзината бавност. Leonardo потроши три години во сликањето на миланската Вечера, а еден од неговите современици, Matteo Bandelli, ни кажува како периоди на силна треска се менувале со цели денови на безделништво во кои сликарот не можеше ни да го допре своето дело.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кога веќе убаво се распознаваше птицата - таа ги рашири крилјата, запавта, се подисправи, откликна и полето заедно со каменот: мал остров пловеше по небото - птицата сонуваше да ја превозмогне смртта - каменот копнееше да го допре својот ѕвезден корен...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)