Но, Џулија го критикуваше учењето на Партијата само кога тоа на некој начин ќе го допреше нејзиниот сопствен живот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Јас се повлеков назад во ходникот да не ме видат, но сепак до мене допреа нејзините зборови.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Со усните го допре нејзиното чело за да го почувствува нејзиниот мирис.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се штрекна кога Јана ја допре нејзината рака.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Долго ливадите ја паметуваа нејзината прошетка по нив На прсти се поткреваа тревките за да го допрат нејзиниот фустан И жолти и бели и небесни гласови на цветови ѝ го довикуваа името И ја молеа да седне Но таа продолжи, исчезна меѓу брезите и ѕвездите...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
„Млади деца почнаа да гинат...“ И самиот се изненади колку малку го допреа нејзините зборови.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Тро... троа пченичка... од стрништето.. клас по клас... зрно по зрно... ете... јас таму за да не ја колваат врапчњата...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Зар не знаеш дека и стрништето е албански народен имот?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И суварки и котленце позајмив... Денес ќе ја варам лченицата... Така е адетот...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Нејзиното око не погледна на друг маж откако Крсто си замина за Америка и ниту на еден маж таа не му дозволи да го допре нејзиното тело.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
До мене ќе допреше нејзиниот глас преку меѓусобното радио: „Почувствува ли?“ А јас ќе одговорев: „Да, тоа беше тој.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)