допре (гл.) - со (предл.)

Кога Толе допре со очите до Алшари и го виде оџакот од фабриката на златниот рудник, испушти една длабока воздишка, сеќавајќи се на приклучението со Аќифа, а во исто време му излезе пред очи убавата Прочка, која беше ја фрлил во заборав.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Мило мое - ти многу си настинал!“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Што ли прави сега таа? Таа ќе му ја ставеше раката на челото, ќе го допреше со образите, со усните.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Змијо само допрена со топлата дланка како со уста на уморен скитник, на дното на пладнето ги свлекуваш боите за летниот љубовен напиток.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Таму сѐ треба да легне во својата длапка Па сепак песната е глечер и сѐ е закопано во гатанки и пустош Во збунети неосенчени зборови Морето ни дише во лицата сѐ сака да допре со своето спокојство А медузата затворена во синото стакло на водата како да ја испитува горчината на нашата изненаденост додека слегнува на долното небо.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сега му се одолжувале на покојникот за прикаските со кои ги обогатувал во Кукулино во претпразничните ноќи или во празничните попладниња и брзале да бидат мудри како што бил тој некогаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со тага ги гледал лицата на жените во црно и под црни забратки, бледи и издолжени месечини на црно небо, меѓу црни облаци и над црна земја; како под заповед клекнале и ја допреле со чела камената плоча со голем крст, поголем од крстовите на соседните игуменски гробови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се буткале, секој да се наднесе над него, некои од помладите да му ја допрат со усни десната рака, чиниш тој внимателно ги слушал и ги следел со малку накривена глава и подотворено око кон своето воле под дамкав габер; суро живинче слично на изгаснато суштество.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Над заедничкиот гроб на момчоците што пред три години ги заклале преостри јатагани, неколку мајки, како и секогаш во претпразнични ноќи, доаѓале со свеќи да се молат за синовите, најмладите светци во стојбината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја допрев со прсти болката во слепоочниците и ми се стори дека врвовите на пораснатите нокти ја минуваат коската и растат зад неа криви, непокорни и готови да искинат сѐ што е во мене, и жиличе и мисла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекаа да заврши ловот, чекаа да го видат пред своите нозе Мечкојадовиот труп или да го продолжат патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чинам се најдов во оперативна соба, пак мојот омиленик доктор, хранејќи се од задоволство и љубов, ме допре со аморната справа ме удри ме уби, ме улови...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И оној негов предедо, со една покуса нога, се наведнал и речиси се допрел со своето лице во тврдото, полно со миризба на шумите и на дивината, топло, смрдливо влакно од колкот на мечката, а со своите две раце и со двете нозе тој прво ја исправил стапицата, а после се навалил со целата тежина на своето тело над двете маши од двете страни и ја отворил неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој го стави фенерот до главата на Арсо и поднаведнат, претпазливо, како да се плашеше да не го штрекне во сонот, одвај го допре со рака.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
– Па парталчиња може да се најдат, ќе се најдат парталчиња, – рече Петрович, – но не може да се сошијат: работава е сосема гнила, ќе допреш со игла – и веднаш ќе се разреси.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Човекот ги допре со прстите на танките, козји нозе старите пантофли, се исправи полека и појде кон ќошот на собата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Осетив дека, обидувајќи се да ми објасни како да постапувам најдобро со јадицата, Симон се доближи до мене и се допре со неговата нога до моето колено.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога го допрев со дланката на челото, видов дека гори.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Го гледаа езерото како на дланка, воодушевувајќи се на неговата убавина: наутро сонцето го отвораше како голем бел цвет, врамен со зеленило; тоа треперејќи на благото ветренце - се доразвиваше; кружеа галебите над него спуштајќи се да го допрат со крилјата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ја подаде раката и го допре со прсти студеното огледалце на ноќната масичка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Може да се допре со прсти и она што не постои, иако место злато, изложено на завитканите во кадифе витрини, зјае голиот асфалт.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Миграции Наведнати за да ја допреме со рацете, со очите, со думата тонеме во безсознание сѐ додека не се привикнеме на агонијата лепливо индиго на амнезијата нечитлив препис акутна миоптија мултиплицирани глетки сѐ додека не почнеме да наѕираме тихи обриси да насетуваме смисла а таа, пес бездомник куче скитник шуткана натаму-наваму зависно од традицијата од стомакот во гушата, во душникот аурата, срцето долж стопалата по врвовите на прстите, ко подноктица сателитска антена inter-link, inter-face нешто невидливо нечујно светликаво мрачно мазно бодликаво нешто кое држи до себе и до слободата за да може да влегува и да излегува кога ќе посака, да лунѕа севезден ни таму-ни ваму разбиена идеално дома, не-дома таа, а не-таа своја, а не-своја секогаш кога ќе се разместат фигурите ќе се затнат вентилите огништето се згаснува наидува поларен студ - 51° Целзиусов пука филмот прскаат шавовите напукнуваат ѕидовите се прецртуваат границите се митари митот!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Ајде да играме мрсен Петко, - им рече таа на децата и изненадено се сврте, го допре со рака Мартина и спрсна да бега.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И до каде што може во времињата да допре со паметењето, тој не си спомнува за ваква страшна и болна, кобна и тажна, ужасна и потресна глетка што сега се распостелува пред неговите очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се плаши да го допре со прст... Се плаши да ја допре и карпата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сите сакаа да ја допрат со рака лузната на моето рамо.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Мамо, - ѝ се доверив, - јас еднаш, божем случајно, кога стоев крај неа на хорската проба, ја допрев со рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Биди златотворец и сѐ што ќе допреш со рацете да се претвори во суво злато! - рече старецот и веднаш потоа го снема, како в земја да пропаднал.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Сакам сѐ што ќе допрам со рацете да се претвори во суво злато! - Нека биде!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)