допрати (гл.) - до (предл.)

Ме допрати до прагот. Силно ме прегрна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Малите чеда ги обув, ги облеков во пљачки нови - како за празник и за црква, погача и кокошка им испеков и со молитви - благослови ги допратив до граница...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И Мајка, која ги допрати до капијата не знаејќи што се случува, се смири кога Татко кусо ѝ рече дека брзо ќе се врати.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ме допрати до главната излезна порта на која стоеја неколку војници наоружани со калашникови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
При следното одење во кино Филип не чекаше пак иницијатива од мојата братучетка за да ме допрати до дома. Самиот ми пријде и ми се понуди.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Фарук Кадуми ја очекуваше посетата на закажаните средби со неколку амбасадори на арапски и западно- европски амбасадори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)