Најмногу сака кога среде реченица ќе му се присака да излезе заради некоја мала работа во дворот и таму, кога бргу по излегувањето, ќе му текне да допише збор, цела реченица, пет-шест па и половина или цела страница со нестрпливост да се врати на работната маса. Или обратно.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)