допира (гл.) - со (предл.)

Кругови во водата, кружници низ времето се допираат со погледот на немоќта која царува како цар без царство, како љубов без љубовници.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Во оџачето одново прсна искра, за миг ги осветли и ги зголеми сенките врз ѕидот и Циљка толку долго ги гледаше, колку што летот на искрата во чија светлина го виде бледото и питомо лице на Мита и десницата нејзина во одвај видливо движење крената до челото кое го допираше со трите прсти...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Имаат натечени десни и кога ги допираат со јазикот, им се чини допираат навлажнет памук.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Просторија со низок плафон, преполна со луѓе, со ѕидови потемнети од допирот со безбројни тела; исчукани метални маси и столови, поставени блиску еден до друг, така што луѓето се допираа со лактовите; искривени лажици, накршени подавалници, груби бели чанчиња; сите површини измастени, нечистотија во секоја пукнатина; и еден киселкав, измешан мирис на лош џин, на манџа со метален вкус и на нечисти алишта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Надоаѓањето на плимата во мене се допира со шумот на набрекнатите бранови длабоко долу, од каде се извишува саморитмичното движење на водата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ја допира со раката, ја пофаќа, како да си го допира татка си; му се рони, му остануваат ронатинки од молци што ја издупиле оставајќи ѝ рани.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Гроздовата ракија со која се наздравува ја допирам со усните.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Малечката како да му ги погодува мислите и сега, божем за подобро да гледа низ шофершајбната, скоро го допира со лицето од левата страна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Победив! Победив! - викаше со раширени раце, растерувајќи ги орлите кои кружејќи речиси го допираа со крилата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ако не му биле и потаму покриени очите со павлаката на ноќта што во далечина сѐ уште го влечела својот сив опаш, откако се прекрстил кон источната светлост Онисифор Проказник забележал дека Никола Влашки поцрнел, дошол некако испиен во лицето, со многу поостри брчки околу пропаднатите очи и отколку што можел да ги има по десет години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпрвин забележал дека треварот се влече безволно и тромаво под тежината на литата гуња, лапа утрена свежест со рибја уста и ги допира со криви прсти ребрата како да пребројува на нив апежи на полски пајаци-крвопијци или како да пребарува да не му се впијат в месо клобурчиња на сивозелени крлежи што останале по нагонска зајачка игра на местото на кое спиел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пелагија се наведнува врз старецот, за последен пат го пика своето кадро во неговите очи, нежно го допира со прстите по челото и се исправа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Фикусот допираше со длабокото корење до одамна закопаните статуи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше и големо широко зелено лисје.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Соња се ведне да го сврти листот од нотната тетратка и ме допира со косата...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Толку ми е милно од нејзиниот допир...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Одеше и ги допираше со раце грмушките, цвеќињата, дрвјата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И започнуваше една убава, необична игра. Детето галопираше со коњот, држејќи се за линијата на која морето се допира со копното.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
XXI Илко пред да легне болен, шеташе низ селото, шеташе по околните места, потседнуваше во шумичките, ливадите, градините, падините на брегот, крај реката, изворите, чешмите, ги опфаќаше со широк поглед, ги впиваше во себе, ги допираше со рацете - како да се простуваше со нив за секогаш, за навек.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
(...) (Образец на отповикувачката изјава) Јас, Галилео Галилеј, син на Винченцо Галилеј од Фиренца, стар седумдесет години, што лично дојдов пред овој суд и клечам пред вас, крајно еминентни и почитувани кардинали, големи инквизитори на сето христијанство против кривоверството, загледан во светите евангелија, што ги допирам со сопствените раце.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се заколнувам дека секогаш сум верувал, верувам сега и со Божја милост и во иднина ќе верувам во сѐ што светата католичка, апостолска и римска Црква го има за вистинито, за што моли и што учи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но - откако светата инквизиција ме запозна со наредбата да не верувам веќе во погрешното мислење дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи, и ми забрани да го застапувам, бранам или учам било усно или писмено ова погрешно учење; откако бев запознат дека споменатото учење е спротивно на Светото писмо; дека напишав и испечатив книга во којашто го објаснувам ова осудено учење и го втемелувам мошне убедливо, без да дадам дефинитивно решение - за тоа бев мошне осомничен за кривоверство, значи за тоа дека сум верувал дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)