Илко и Трајко се прибраа до софрата. Митра донесе и ваганка со пиперкитуршија, бардак со вода и седна.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Море ми кај си, свети Јоване, шо те нема волку време? — го праша руса Миша и веќе му подава столче и му ја зема торбата од рамото, во која Толе ги донесе и за неа подароците како за Проќа во Ал-Шари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Војската седна да руча. Готвачот им донесе и на нив. Прво на нив, а потоа на стражарите.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Келнерот донесе и мезе, туршија од минатата година.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Пиеја зашеќерено варено вино со цимет или со црн пипер што самите го правеа, јадеа домашни пити со праз или со изварка што ги замесила нечија баба, понекогаш некој ќе донесеше и лути домашни свински колбаси, мезеа руска салата од зимниците на нивните мајки и прво дискутираа со саати, за на крајот да завршат со свирка.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Трети пак, ласкавци околу царот и логотетот, велеа дека записот е донесен тука затоа што на него стоело дека, ако се сака мир меѓу народите на лицето на земјата, мора тој да се донесе и постави точно во центарот на светот, во центарот на вселената цела.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Слични вести донела и Јосифова. По сите улици во чаршијата - раскажала таа - хајка од Турци, Грци и Евреи да ловат и убиваат егзархисти.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
КАТА: Да донесеше — ќе донесеше, не донесол и без нив ќе поминеме. Како досега и отсега.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
И овие да не ги донесеше и без нив ќе поминевме. Ти ни си сѐ.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Иако за Бојан таа ненадејна појава значеше извесна разонода, мало пополнување на времето, криковите му донесоа и еден сосем одреден неспокој.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ми го донесоа и еден Јоргос да го видам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И не бери гајле, пак јас ќе те однесам и ќе те донесам и пак човек ќе те сторам; арно беше сега да не го окршиш шишето, ама откога ќе се стори едно лошо, не се враќа лесно.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ни си идел човекот додека не го донесе и последниот Егеец!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
__________
1
Големите дождови донесоа и големи снегови. Господ ја спушти белата јамболија врз целиот простор.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
За среќа, Пелагија и Танаско од рамната земја донесоа и доволно храна, особено пченка и леено свинско. Тоа дури го споделуваа со оние околу себе.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Во градот се веруваше оти ова чудо може да донесе и други чуда. Се враќаше надежта.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
________
21 Алузија на Аристофановата комедија Жаби, пишувана „за да се спаси Атина“ ( Српско издание на Матица Српска Белград 1978,93, Македонско издание на Три, превод на Весна Томовска)
22 Томас Стернс Елиот, “Чиста среда“, цитирано според Izbrane pesme, Beograd, Rad. 1977,69
Новогодишна елка
-псалм-
Ќе го донесеш и тој дел од светот
дома.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Барем на сон да ми го донесе и да ми каже, да ми го покаже, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)