донесе (гл.) - свој (прид.)

Илузиите на европското јавно мислење за српски интереси ги донесоа своите плодови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа се сеќаваше на денот кога тој ја донесе својата диплома и гордо ѝ ја покажа на жената.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во февруари 2006 овие предмети, по предлог на тужителите, се споени во единствениот судски предмет: XXIX П.бр. 1269/05. 2.  Со носењето на најновиот и актуелен ЗРО (2005), за прв пат, беше регулирана постапката на основање синдикати – коишто се стекнуваат и со својство на правно лице [persona iuridica].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така, тие прво мора да донесат свој статут (чл. 188, ЗРО); по што треба да поднесат барање за упис во регистарот, кој се води во МТСП.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во новонастанатата ситуација единствено градовите го задржале своето старо уредување и можеле да донесуваат свои закони и да избираат сопствени магистрати.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
А зар пак да е тука некаде ќе ги оставеше сами да го испратат старецот во својот вечен дом, не ќе ја донесеше својата гола глава, не ќе пуштеше две три солзи од прозорците на својот живот, не ќе кажеше неколку лафа, не ќе го охрабреше дедо Костадина гласно и јавно дека нема да биде заборавен во рамната земја, а не како неа сето тоа молчејќи да му го кажува?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Он ми ја донесе својата песна со усни да ја земам. И ништо сега освен неа, ништо немам.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Така, тие прво мораа да донесат свој статут (чл. 188, ЗРО/05); 30 по што требаше да поднесат барање за упис во регистарот, кој се води во Министерството за труд и социјална политика.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ова беше еден крајно заморен напор којшто конечно ми го донесе својот горчлив резултат.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Потоа влегле во големата просторија во која во два реда кревети лежеа педесетина жени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некој им кажал невистини за нивната сестра, она чување на тивкиот оган меѓу неа и Макс им го раскажал како нешто друго, како којзнае што друго, и кога влегле во канцеларијата на доктор Гете, прво што му рекле било дека не ја донеле својата сестра во психијатриска клиника за да се курва, туку за да се лечи, и побарале од него да ги одведе кај неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)