Се случуваше Татко, кога се враќаше од работа, да ни донесе голема тутурка со леблебии, па си ги броевме, по кашата, колку толку да ја смириме гладта.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Еден од јакобинските владетели ќе истакне дека револуцијата во текот на три века ќе му донесе голема среќа на човечкиот род, но ова ќе се постигне по цена на егзекуцијата и на последниот непријател на Републиката. Последната меѓу безброј жртви.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Дон Хуан ми донесе голем лонец.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Брго-брго мајката го клала ѓумчето со ракија до огнот да се стопли, а Неда го донесла големиот стол, та го клала да седи Силјана; му ги собула опинците и му ги измила нозете и го променила со велигденската руба.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Тоа ти е, како да ти речам... Го гледаш небото полно со ѕвезди и си одбираш една, ја гледаш, ја гледаш и си мислиш дека е само твоја и си мислиш дека ќе ти донесе голема среќа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Рибарот Кољо, задоволен од богатиот лов на јагулите, но не сакајќи да навлезе во татковата и Игоровата ,,завера” за нив, донесе голема подготвена јагула за печење, сета проникната во лук, оцет и зачини како според некоја балканска алхемиска рецепта, за да ѝ се исцедат сите зли масла.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)