донесе (гл.) - вистински (прид.)

Ваше е да кажете, по увидот, за какви документи се работи, за да може нашето раководство, одговорно и навреме, да ја донесе вистинската одлука што ќе се прави со овие дефтери.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таа мора да ги земе предвид сите мислења, особено на стручните кадри, за да го донесе вистинското решение, кое потем сите ќе ги обврзе.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Научи ме како да ѕирнам во долапот на тајните, како да не повредам никого, а да донесам вистинска одлука“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во врска со тоа, од кај им се парите на Јанческите, додека времето не ја донесе вистинската приказна, во две различни времиња во Потковицата заживеа една иста приказна, но во две варијанти и со две различни главни личности.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А дотогаш, додека времето не ја донесе вистинската приказна за тоа како станало Бошевото заминување од Потковицата, кој бил татко ѝ на Драганка и од кај им биле парите на Јанческите, многу поројни води протекоа низ Голема Вода и многу нови патчиња разгазија потковичаните по ридиштата и низ полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Можеби затоа почесто, подсвесно, само си зборуваме за промените без да се обидеме да донесеме вистинска одлука со која смело би им дале одговор на нашите поставувани прашања.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)