донесе (гл.) - на (предл.)

И тоа утро Гоце рано отиде на дуќан, и тоа утро Султана му го донесе на Никола редовното кафе.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сепак има една надеж: се слуша дека Дедо Мраз ќе им донесе на софијанци поголема безбедност во движењето по улиците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Фала му на Бога што ме донесе на ова место и што им стави крај на моите маки.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Борис Калпак и другите ќе го убијат. Го мразат.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не му реков ништо, тој и не ми се обраќаше мене, само знаев дека ме донел на раце и ме оставил врз сламата на својата кола со едно воле, потоа им ги проврел главите на моите сиви близнаци низ јаремот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јаничарите, веќе исплашени од султановата закана, се сетиле да ги соберат од Кукулино и од другите соседни села сите машки деца од четири до четиринаесет години - доколку ајдутот Парамон не им се предаде или селаните не ја донесат на тепсија неговата глава, тие ќе ги исколат децата и ќе ги обесат нивните главчиња на скопските дрвја, јаболка со мртви очи да се.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го зел товарот претежок за жена и го донел на плешки до прагот на куќата со еден прозорец и со напукнат оџак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стоел како на губилиште. - Пет од првата, покојната Коца, три од сегашнава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто? - За чисто брашно, за она брашно што ќе треба да им го донесеш на тие деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Нив ќе ги чека да го зграпчат за тил.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Султанот најпрвин ги прекорувал и им ги зел имотите, шадрваните, коњите и жените, потоа објавил, доколку не му ја донесат главата на ајдутот, ќе ги испообеси на железни куки или ќе ги испофрла во јами со исправени дренови колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не му реков дека и другиот може некого да донесе на грб жив или мртов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бил и останал таков: млади жени поучувал, постарите ги обогатувал со сеќавања за младоста, на ваквите каква што била Фиданка Кукникова им се предавал в раце како штотуку да ги одвоил усните од млечна дојка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Добро“ ја тргна раката од мене. „Тогаш ќе појдам сам и ќе го донесам на грб жив или мртов.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да не пркне. Нему секогаш му беше мерено, без разлика на меридијаните, само толку, колку да се прерани и да им донесе на децата дома, кои ги имаше доста, а потоа едвај да дочека до новата градба, сеедно во кој град, сеедно во која земја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, Господе, дај ми сила да го минам искушението, покажи ми го патот како да стасам до онаа која ме донела на овој свет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И дојдоа, во најмагливата ноќ во декември, со сопствени возила колку што вкупно во населба немаше, а мајка ѝ ќе пукнеше од мака што соседите не можат да видат колку бакшиши ѝ донесоа на „нечесницата што се дала пред брак“ и колку букети влегоа во бараката и, замисли, по два, еден за свршеницата, а еден за „госпоѓата “мајка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мајка ми му донесе на осамениот гостин кафе и тутун и тој си завитка цигара, шмркаше и пушеше, а потоа, на крајот, тажно воздивнувајќи, рече: „Мојот бел коњ што ми го украдоа минатиот месец, сè уште го нема.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На првиот ден на ерменскиот Божиќ во неголомото живеалиште на Микелајн дојде твојот сонародник господинот Жорж Лоран и му донесе на стариот подарок, на прв поглед обично растение во син порцелански сад.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јасно беше дека таа каса е плод на генијален самоук но, сеедно, можеше да му донесе на Мануша непознати маки иако тој со години мрзоволно се влечкаше по зафрлени браварски работилници.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Конечно, примерот на СР Југославија е посебно интересен, бидејќи станува збор за држава чиишто највисок правен акт (Уставот, донесен на 27 април 1992 г.), според мислењето на водечките југословенски стручњаци за уставно право (проф. Павле Николиќ, на пример) всушност е неуставен.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Додека беше при моќ владетелот, покрај несомнено прогресивните реформи кои ги донесе на државата и институциите, со вештите геостратегиски потези, успевајќи во лицитацијата на големите и влијателни сили да го извлече максимумот за својата земја, ја контролираше целосно ситуацијата во земјата која дишеше според неговиот владетелско-апсолутистички режим.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тода зеде уште неколку китки од бунарот и ѝ донесе на Нешка, која не ги врати и отворено призна дека го сака Крлета, ама ја страв да не разбере мајка и.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Жените донесуваат на светот чудовишта.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И родила змија. Зашто тој час кога го донесла на свет Лумана – умрела.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дури и оние неколкумина што првиот ден немаа, нашле некаде пари и му донесоа на деда Бошка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Вечерта дојдоа гости и му донесоа на Зоки ќесе карамели.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Камбаната ја донесоа на сања, поставена на веленица и покриена со црвена јамболија, за да не се скрши по патот и за да не го привлекува вниманието на луѓето на кои тоа не им е работа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тито ги батали задругите, почна да се зборува за економски реформи, за слободен пазар, се пушти приватниот сектор да подприкрене глава, дојдоа нови луѓе, помлади, кои беа исто толку ако не и полоши комунисти, ама беа донесени на власт да не можат некако тие да го прочистат заднатиот социјалистичкиот оџак за подобро да трга.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
колку патрони чеиз му донесе на Горачинов, ми велат, да имавме ракија, вели Горачинов, ќе ве викневме на блага ракија, и ќе фрлавме пушки, вели, свртете на друго, вели Ристо Коларов, здравувајте нѐ в образ, бацете ни рака, вели, не го погоди моментот, вели Горачинов, историскиот момент, ова не е свадба, туку свадбено патување, вели, дури си млад сѐ можеш да кажеш, што се вели, сѐ ти се може и сѐ ти прилега, и јас гледам како се стемнува и како цело небо ни слегло во морето, сосе ѕвезди и сосе месечина и си мислам дека сме тргнале по небото, сме се закренале на некоја пловидба меѓу ѕвездите, целата сум зашумолена и пренесена некаде, некоја голема умора ми се обесила на клепките, ми натежнала во коските, нешто гледам, а повеќе не гледам, како до половина да сум заспана, завлезена во сонот;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)