донесе (гл.) - шише (имн.)

Ти донесов шише „Т‘га за југ“ и китка црвен каранфил.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Потоа, забележувајќи дека чашата на Винстон е празна, го донесе шишето со џин и ја наполни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И од последното патување од Франција донесе шише француски шампањ од видот со кој некогаш на Сорбона го прослави својот докторат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А Миша донесе шише вотка. Воопшто, Миша сака да си пивне.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Келнерчето му го донесе шишето вино и пред него, со тропнување, постави чаша којашто била за пиво, за шприцер, за сок или вода но не и за вино.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Смуртено стана и донесе шише и две чашки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од оставата донесе шише бело, одамна неотворено вино.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Можеше еден ден да почекаш со пиењето. Или да го донесеш шишето дома.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Собра неколку јајца и го донесе шишето за нафта.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Донесете шише и пипета за да земеме примерок за лабораториски преглед.“ „Веднаш!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)