Погледот му се спушта на ковчегот од жена му што го донесе чеиз кога се зедоа; ишаран е со лозови ветки и со венец во средината што го држат две ангелчиња; во него се испишани нивните имиња: Богдан и Видуша и годината на нивното венчавање: 21. VII 1934.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)