Или ќе ми речеш дека го заборавив зајакот, и оној краешник заечки леб што ти го донесе татко ти откако се врати од еден лов на зајаци?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
До дома си појде трчанка, без да ги чека другите деца и уште од порта го фрли сакулето, го дигна ковчегот, зеде една поскура и сирење, што беше го донесол татко му од гробот на дедот Горета Дојков, и излезе на чардачето да повечера Гризејќи од поскурата и сирењето, не можеше да се смири.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога го донесе татко му, во куќата завладеа силна радост, како мртовец да оживеал.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Не се израдував ниту на пакетчињата со подароци што ги добивме во училиште, ниту на оние што ни ги донесе тато дома.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Понекогаш ја облакаше облеката од татко му, ставаше вратоврска, паларија, ставаше мустаќи од волна, ставаше луле в уста, ја ставаше сабјата и шлемот што ги донесе татко му кога се врати од фронт и застануваше пред огледалото и се огледуваше.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Се обидов да читам од книгата што ми ја донесе татко ми од Лондон за да ме воведе во тајните на англискиот, (со кој, како што тврди тој, „сите врати воживотот ќе ми бидат отворени и ќе станам светски човек“), ама ништо не ми влегуваше во главата.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
А добиваше грчеви во стомакот и од јанијата што ќе му ја донесе татко му.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)