донесе (гл.) - ракија (имн.)

И дури Калешко, Главче, Шишето, Мисирлијата донесоа ракија, од малата врата, почнаа да викаат жените од Чолакот, Влајко Лазев, Макревци, Билјарите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Момченцето донесе ракија, и кметскиот го накрена шишето, стоејќи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Келнерот му донесе ракија, а тој ја испи и нарача уште една.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Сакаш да кажеш дека си ме сонувала мртов. - Не, не сум те сонувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Те видов мртов денес, кога ви донесов ракија во манастирскиот двор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто сум овде, се прашувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина, што го влечело кон тоа место на кое пред зајдисонце наслушнувачки го фаќал во лет разговорот на возбудливата жена и на возбудениот Арсо Арнаутче, - „Те видов мртов денес кога ви донесов ракија во манастирскиот двор“.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мајка ми донесе ракија и мезе, нешто подизбриша и замина. – Сироти пролетери, со козите ќе стигнеле до Америка и Англија, кај ни е крајот? – започна Чанга. – Шегата настрана, со Сталин не се знае!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Првин дојдоа само десетина души, вели Николе Валавичарот и почнаа да бараат ракија, и ние им донесовме ракија и, заколете десет кокошки, велат, за секој по една, си ја редат, и ајде и кокошките им донесовме, им ги натокмивме на трпезите црквински и тие јадат, гнетат, а ние стоиме на страна и гледаме, и среде јадењето некаде под црквата квикна прасе, а, овие ќе колат и прасе, вели старшијата, прасето нека го за вечера, вели,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)