донесе (гл.) - подарок (имн.)

Баба ми раскажуваше дека ја прелажал со шамиче, чешле и огледалце.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И сега, на Велигден, кога му го донесе подарокот на Илка, да ти е мило да ја гледаш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога се врати ни донесе подароци што Александар ги пратил за нас.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Пеењето ВМРО-вски песни околу накитените елки и чекањето на Бранко Црвенковски да им донесе подароци, зборува дека Дедо Мраз во нашава црна Македонија ниту имал ниту ќе има мандат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)