Ни донесоа леб и надеж, кога најмногу ни недостигаа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
„Ти тоа го знаеш?“ „... се борел во четите на књазот Карпош, потоа сам.“ „Добро“, се согласи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Ако го сторев тоа, сега не ќе бев гладен.“ Му понудив да му донесам леб.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Тој тоа ти го кажал утрово за да си ја олесни душата или да те смекне и побарал да му донесеш леб. Добро, тоа го знам и без тебе.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Тогаш не е вистина дека си ти.“ „Што дека сум јас?“ „Ти не си оној што го уби Осиповото воле. И не му го грабна залакот на старецот Неделко Шијак.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Јас пак, - рече таткото, - јас бев на пазар, купив сѐ што требаше, донесов леб и го исеков на резенки.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Кога таа наутро со мотика на рамо ќе отиде на нечија нива за да донесе леб, Коле мора да остане дома.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Потоа она што остана од парчето го спушти на скутот, покрај сронетиот дел, и долго гледаше во тие остатоци од лебот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Донесов леб. Го принесуваше до устата, го разлигавуваше, повеќе го ронеше отколку што го голташе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога некој од нас ќе се разбудеше среде ноќта, поради некој мачен сон, измачувани од гладот, останувавме будни, ја дочекувавме муграта, со надеж дека таа сигурно ќе ни донесе леб.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
„Простете“, рече Мама, „сега ќе донесам леб.“ И јурна во кујната. „Но лебот е на маса“, реков.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)