донесе (гл.) - куфер (имн.)

Тука бил донесен куферот на Шатев, што останал во паробродската агенција, и пред него бил прегледан и предаден на судската власт.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Вие влезете, јас ќе ти ги донесам куферите, - ми рече тетин Јован и го отвори багажникот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тука цела пролет е вака. Се истура.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но,само половина час подоцна, додека во аеродромската зграда чека подвижната лента да му ги донесе куферите, тој со фраерски поглед Г-8 ѝ отпоздравува на истата стјуардеса, што сега испаѓа дека е блондика со ретка комбинација = долги нозе + срцолико усте. * * * А третата ноќ по доаѓањето во Познањ: Баш се згодни овие Полјачките – му дофрла патникот на Луис Алфонсо, наздравувајќи со нова кригла светло пиво во преполнетото кафуле „Dramat“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Успеав и да видам дека до шолјата стои средство за чистење, а и дека огледалата се пребришани.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
АНЃЕЛЕ: На, земи еден бакшиш зашто ми го донесе куферов. Доста ли е?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)