Не знам зошто, бев сигурен дека татко ми ќе го донесе крстот што требаше да се купи, а договорот беше, како и со тетка Сава, татко ми крстот право в црква да го однесе.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
- Одите и фаќајте недолжници, зацимолел Симон Наконтик. - Јас овде ќе си ја чекам смртта, и слушал - пак дивиот петел си го разорувал грлото со крици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Господи, ги извртувал очите. - Никој мене не ќе ми донесе крст од бел камен. Никогаш, знам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)