Единствената работа што го интересираше Сујак, беа кожите: кон секоја се однесуваше како кон живо нешто, како секоја да ја има внатре душата од животното: кога ќе му ја донесеа кожата луѓето, ја пофаќаше полека, ја вртеше, ја мазнеше со раката по влакното, по крзното, проверувајќи какво ѝ е и дали е некаде дупната кожата при дерењето, дали е веднаш донесена по колењето или е држана неколку дена, та започнала да се смрдува и црвосува.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)